Корисничко име Лозинка Пријави се
30.10.2012

Борусија без Бендер против Ален и Штутгарт

Свен Бендер, дефанзивниот играч за врска на Борусија Дортмунд, ќе ги пропушти, најмалку, двата следни натпревари на својата екипа поради повреда на листот.

Тоа се однесува на денешната гостинска средба против второлигашот Ален во второто коло на Германскиот куп, како и домашниот бундеслигашки натпревар против Штутгарт во сабота.
Јирген Клоп, тренерот на Борусија Дортмунд, најави дека против Ален ќе направи една или две измени во однос на екипата која во саботата во Бундеслигата го совлада Фрајбург со 2-0.
„Наша работа е да направиме сигурно да го победиме Ален. Знаеме колку е добро чувството да се игра финалето во Берлин и во ова натпреварување целиме на највисок домет“, рече Клоп, чија екипа минатата сезона го освои Германскиот куп.

Најнови вести