22.2.2012 Б. Дортмунд го продолжи договорот со капитенот Кел
Себастијан Кел, 32-годишниот капитен на Борусија Дортмунд, го продолжи договорот со актуелниот германски фудбалски шампион до 2013 година.
Досегашниот договор на Кел му истекуваше на крајот на оваа година, но со раководството на клубот постигна согласност за продолжување на соработката. Искусниот играч за врска дојде во Дортмунд во јануари 2002 година од Фрајбург, а кариерата ја почна во Хановер. За Борусија одигра 203 натпревари во Бундеслигата, додека за германската репрезентација собра 31 настап.
„За мене и за моето семејство Борусија Дортмунд е посебен клуб. Како играч со најдолг стаж во сегашната екипа, големо ми е задоволството што и понатаму ќе можам да придонесувам во развојот на клубот“, истакна Кел.