Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2012

Хофенхајм без Фирмино до крајот на сезоната

Бундеслигашот Хофенхајм до крајот на сезоната ќе остане без услугите на младиот бразилски играч за врска Роберто Фирмино кој го повреди глуждот на лигашката средба со Фрајбург.

Поради пукнати лигаменти на глуждот на десната нога здобиени во последната средба на германското првенство против Фрајбург (0-0), 20-годишниот Бразилец ќе ги пропушти преостанатите три меча на Хофенхајм од оваа сезона. Според првите најави, го очекува двомесечна пауза, а на тренинзите би требало да им се приклучи пред самиот почеток на идната сезона.
„Во првите моменти ми се чинеше дека повредата би можело да биде и потешка, така што во клубот дури сме среќни со оваа дијагноза“, рече Маркус Бабел, тренерот на Хофенхајм.
Бразилецот, кој по вокација е централен или лев офанзивен играч за врска, оваа сезона одигра 30 натпревари за Хофенхајм, а пропушти само една средба во германското првенство, при што постигна седум погодоци и четири асистенции. Роберто Фирмино во Бундеслигата пристигна во јануари 2011 година од бразилскиот Томбенсе за оштета од четири милиони евра.

Најнови вести