Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2012

Нирнберг без Хлоушек до крајот на сезоната

Покрај поразот во баварското дерби од Баерн Минхен (1-0), фудбалерите на Нирнберг останаа и без чешкиот играч за врска Адам Хлоушек, кој на крајот на првото полувреме ја напушти играта поради повреда на коленото.

Неодамнешниот член на младата репрезентација на Чешка, кој во јануари ги засили редовите на Нирнберг пристигнувајќи од Јаблонец, на крајот на првото полувреме од натпреварот против Баерн го повреди коленото, па беше принуден да го напушти теренот.
„Хлоушек веќе е во болница. Ќе бидат потребни детални прегледи, но на прв поглед тежината на повредата сугерира дека го изгубивме за оваа сезона“, изјави по натпреварот Дитер Хекинг, тренерот на Нирнберг.
Во следното коло Нирнберг гостува кај соседот на табелата Фрајбург, кој во саботата славеше кај Баер Леверкузен со 2-0, остварувајќи ја третата последователна победа. Во таа средба екипата на Дитер Хекинг ќе биде дополнително ослабена со неиграњето на одбранбениот играч Филип Волшајд, кој на срдбата со Баерн заработи суспензија поради насобраните жолти картони.

Најнови вести