Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Се знаат можните ривали на Шкендија во плејофот за ЛЕ

Ждрепката е в понеделник, но изборот се сведе на осум можни противници

Тетовска Шкендија би можела да има доста тежок пат до групната фаза од Лига Европа, доколку испадне од Ред Бул Салцбург во квалификациите за Лигата на шампионите. Целта на Шкендија да приреди изненадување против австрискиот првак и пласман во плејофот за Лигата на шампиони, но ако испадне, тоа нема да биде крај на европските натпревари, туку тимот на тренерот Ќатип Османи ќе треба да игра двомеч од бараж за влез во Лига Европа.
Потенцијални противници на Шкендија се победниците од следните четири двобои: Алашкерт – Клуж, Олимпија – Хелсинки, Корк сити – Розенборг и Хапоел Бер Шева – Апоел. 
Извлекувањето на двојките е в понеделник во Лион, кога ќе се знае со кој победник од овие четири дуели, Шкендија ќе си ги мери силите за влез во ЛЕ. Најлошото сценарио е на тетовци да им падне еден од Апоел (Кипар), Розенберг (Норвешка), Хелсинки (Финска) или Клуж (Романија). 

 

Најнови вести