Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2015

Рајан пред трансфер во Валенсија

Одличниот голман Мет Рајан би требало да го комплетира трансферот во Валенсија, пишуваат белгиските медиуми.

Дваесет и тригодишниот голман брани за репрезентацијата на Австралија и за Клуб Бриж и веќе два пати е прогласуван за најдобар чувар на мрежата во Жупилер лигата.
Трансферот ќе биде вреден пет милиони евра, а за Рајан биле заинтересирани и Ливерпул и Реал Мадрид.
„Дојде вистинскиот момент да го напуштам Клуб Бриж. Беше уживање да се брани овде, но беше време за следен чекор во мојата кариера“, изјави Рајан на својот профил на „Твитер“.

Најнови вести