Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2016

Клуб Бриж шампион по 11 години

Фудбалерите на Клуб Бриж ја освоија титулата прваци на Белгија по 11 години.

Бриж до 14-тата круна во историјата стигна со убедливата победа на главниот конкурент Андерлехт со 4-0.
Бриж на две кола пред крајот стекна шест бодови повеќе од бранителот на титулата, а регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место, што е одлучувачко во случај на ист број бодови на крајот.
Мотивираниот домаќин поведе во 24-тата минута преку Французинот Абу Дијаби кој со глава го искористи центаршутот на Томас Муние.
Поранешниот напаѓач на Лил само шест минути подоцна повторно го совлада Силвио Прото, а триумфот го потврди Ханс Ванакел во второто полувреме.
Конечниот резултат го постави капитенот Тими Симонс со голот од пенал.
Бриж на вистински начин им се искупи на навивачите за неочекуваниот пораз кој го претрпе од Стандард Лиеж во финалето во Кралскиот куп кон крајот на март.
Андерлехт ќе игра во квалификациите од Лигата на шампионите, додека Гент, Генк и Остенде се борат за Лигата на Европа.

Најнови вести