Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2017

Мурињо: Не ни значеше Лигата на Европа, сега го сакаме финалето

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека неговиот тим нема да калкулира пред реванш-натпреварот од четврт-финалето на Лигата на Европа, во којшто го дочекува Андерлехт, по ремито во Брисел (1-1).

Жозе Мурињо изјави дека признава дека неговиот тим не бил мотивиран да игра во Лигата на Европа на почетокот на сезоната, но дека сега ситуацијата се променила.
„Прво што е потребно е да имаме волја. Иако на почетокот не бевме, во оваа фаза од натпреварувањето сме и повеќе од заинтересирани. Сакаме да го победиме Андерлехт. По првиот натпревар бев разочаран од целиот тим. Имавме толку шанси што можевме да победиме со 3-0. Реваншот можеше да биде пријателски натпревар, да ги пуштиме младите да играат“, изјави Мурињо.
На „црвените ѓаволи“ за полуфиналето доволно им е на „Олд Трафорд“ да одиграат без голови, но португалскиот стручњак ја отфрли таа можност.
„Нема да калкулираме. Играме пред своите навивачи, а во Лигата на Европа немаме изгубено тука. Би било совршено кога би стигнале до финалето. Тоа би било одличен крај на сезоната“, додаде Мурињо.
Почетокот на натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Андерлехт на „Олд Трафорд“ е вечерва, од 21.05 часот.

Најнови вести