Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2015

Андерлехт се вмешал во трансферот на Грујиќ во Ливерпул

Белгискиот Андерлехт наводно би можела да го расипе веќе договорениот трансфер на Марко Грујиќ во Ливерпул.

Изминатите денови српските медиуми го најавија како „готов“ трансферот на Грујиќ од Црвена звезда во Ливерпул вреден околу 5 милиони евра, кој е договорен за следното лето.
Меѓутоа, белгиските медиуми пишуваат дека Андерлехт се вклучува во трката и нуди изедначена понуда од 5 милиони евра.
Се очекува Андерлехт во јануари да ја испрати официјалната понуда во Црвена звезда за 19 годишниот играч за врска.
Грујиќ во 2012 година дебитираше за Звезда, минатата сезона одигра десет натпревари, за оваа сезона да постигне пет голови и шест асистенции за црвено-белите.

Најнови вести