Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2016

Барнли го собори клупскиот рекорд со Дефур

Англискиот тим од Премиер лигата го собори клупскиот рекорд откако за 8,6 милиони евра го доведе Стивен Дефур од Андерлехт.

Белгискиот играч за врска потпиша тригодишен договор со тимот кој игра на стадионот „Трф Мор“, на кој ќе дебитира во сабота против Ливерпул. 
„Се надевам дека ќе му го пренесам своето искуство на тимот и дека ќе помогнам за опстанокот во лигата. Атмосферата на стадионите во Премиер лигата е одлична и горд сум што ќе бидам дел од сето тоа“, изјави Дефур за интернет страницата на новиот клуб.
Дефур втор пат го соборува рекордот на клубот при трансфер, откако во 2014 година од Порто пристигна во Андерлехт за шест милиони евра и го престигна Александар Митровиќ при трансферот од Партизан.
Овој 28-годишен фудбалер играше уште за Генк и Стандард Лиеж, додека за репрезентацијата на Белгија забележа 46 натпревари и два гола.

Најнови вести