Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2017

Јунајтед десеткуван на Боксинг деј

Манчестер јунајтед денес, од 16 часот ќе ја дочекува екипата на Барнли, а синоќа стигна и очекуваната потврда дека Жозе Мурињо повторно има проблеми.

Локалниот весник „Манчестер ивнинг“ пренесе дека на лице место, во хотелот каде што играчите отседнаа во карантин вечерта пред натпреварот, го нема Крис Смолинг.
Незаменливиот стопер доживеа повреда на мускулите во ремито со Лестер, но Мурињо не можеше да го замени бидејќи претходно ги изврши сите три измени.
Покрај Смолинг, и понатаму надвор од редовите е Антонио Валенсија, додека од претходно недостасуваат повредените Фелаини, Бејли и Карик.
Посебно е интересна и информацијата дека меѓу присутните ги немало ниту Виктор Линделоф, Пол Погба и Антони Мартијал, но не е познато од кои причини, иако изворот наведува дека тие ќе бидат во тимот.

Најнови вести