13.9.2017 Асенсио го пропушта АПОЕЛ поради инфекција од депилирање
Марко Асенсио, фудбалерот на Реал од Мадрид, ќе го пропушти вечерашниот натпревар во Лигата на шампионите против АПОЕЛ Никозија поради инфекција со која се здобил по депилирање на нозете.
Шпанскиот фудбалер има инфекција на ногата, поради која не може да ги облече фудбалските чорапи, па натпреварот ќе го следи од трибините на „Сантијаго Бернабеу“.
Покрај Асенсио, на Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, на располагање нема да му биде ниту Карим Бензема, кој е повреден, па нападот на „кралевите“ ќе биде ослабен. Но, за среќа, во тимот се враќа Кристијано Роналдо, кој е суспендиран, но има право да настапува во Лигата на шампионите.