Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2015

Вардар без пораз елиминиран од Лигата на шампионите

Во синоќешниот реванш-натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против АПОЕЛ од Кипар фудбалскиот клуб Вардар одигра нерешено, но е елиминиран од елитното натпреварување.

Синоќешниот реванш на арената „Филип Втори“ во Скопје заврши со резултат 1-1 по што АПОЕЛ се пласираше во третата квалификациска рунда.
Во 60-тата минута од натпреварот Томас Винсенти погоди за кипарскиот клуб за пласман во третото квалификациско коло, во кое ќе игра двомеч против Митјиланд од Данска.
Благоја Љамчевски во 94-тата минута од средба го израмни резултатот, но немаше повеќе време за пресврт.
Првото полувреме помина без погодоци, а нашите фудбалери имаа неколку шанси кои не успеаја да ги реализираат. Прва можност за погодок имаше Бразилецот Филипе, потоа Грнчаров, а неуспешни обиди имаа и Блажевски, Дашијан и Велковски.
Во второто  полувреме АПОЕЛ го постигна клучниот погодок само по 15 минути игра, откако по одличната асистенција на Вандер, Винсенти ја погоди мрежата на Пачовски, а во судиското продолжение Љамчевски погоди за израмнување на резултатот.

Најнови вести