Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2011

Хунтелар го скрши носот и заврши на операција

Клас Јан Хунтелар го скрши носот во синоќешниот дуел на Шалке и АЕК Ларнака во рамките на 4 коло од Групата Ј во Лигата на Европа.

Покрај разочарувачкиот резултат за домаќините против Кипраните во Гелзенкирхен, холандскиот напаѓач во 83 минута се судри со соиграчот Џоел Матип по што заврши на тревата со обилно крварење од носот.
Прегледот покажа дека дваесет и осумгодишниот напаѓач има двојна фрактура на носот, па тој уште истата вечер е опериран, а зафатот траел околу еден час.
„Пеколно ме боли“, изјавил Хунтелар при напуштањето на болницата.
Шалке во недела гостува кај Хановер во 12 коло од Бундес лигата, а останува да се види дали Хунтелар ќе игра носејќи заштитна маска на лицето.

Најнови вести