Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2015

Вардар повторно против Будуќност во полуфиналето на Фајнал фор

Според денешната ждрепка, во полуфиналето на завршниот турнир од Лигата на шампионите нашиот женски ракометен шампион Вардар ќе игра против Будуќност.

И минатата година Вардар и Будуќност играа во полуфиналето на завршниот турнир, во кое подобар беше клубот од Црна Гора (22-20).
Во првата групна фаза во оваа сезона македонскиот шампион и Будуќност одиграа два натпревари. Во средбата одиграна во Подгорица црногорскиот клуб победи со разлика од шест погодоци (23-17), додека реваншот во Скопје беше завршен без победник (24-24).
Во вториот полуфинален натпревар ќе се сретнат Ларвик и Динамо, а завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе се одигра на деветти и десетти мај во салата „Ласло Пап“ во Будимпешта.

Најнови вести