Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

Навивачите на Манчестер собираат пари за Мурињо

Сезоната уште не е почната, а за Португалецот веќе се подготвува „шут-карта“

Возбудувањата во англиската Премиер лига уште не се започнати, а трпението кај навивачите на Манчестер Јунајтед веќе е при крај. Фановите на најтрофејниот тим во англиското првенство се незадоволни од начинот на кој беше одработен летниот период. 
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо веќе е прв фаворит за добивање отказ. Португалскиот стратег не се возбудува многу поради овие најави, велејќи дека допрва следува интересното и најави возбудлива битка во Премиер лигата.
Сепак, дел од фановите на Манчестер веќе започнале акција за собирање пари кои треба да се донираат за да може Мурињо побрзо да добие отказ. Ваква акција симпатизерите на Манчестер правеа и пред неколку години, кога собираа пари за да се избрка Дејвид Мојс. 
За предвремено заминување на Мојс тогаш клубот исплати 840.000 фунти, што е навистина смешна сума за тоа колку треба да се потроши ако Мурињо си замине предвреме. Отказ на Мурињо, Манчестер ќе го чини неверојатни 12 милиони фунти. 

 

Најнови вести