Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Погба притиска за трансфер во Барселона, Мурињо не се дава

Пол Погба сè повеќе притиска да си замине од Манчестер јунајтед, а ако тоа не се случи летово, тогаш речиси сигурно францускиот ас ќе ѝ се приклучи на Барселона во зимскиот преоден рок.

Пол Погба сака да игра за Барселона, тоа воопшто не го крие, а сè повеќе притиска трансферот да се случи во овој преоден рок. Менаџерот на Погба, Мино Рајола, имаше договор со Барселона вреден над 90 милиони евра, но Мурињо го одби првиот удар. Португалецот не се дава, вели дека очекува многу од Погба во Манчестер јунајтед, дури му ја даде и капитенската лента, но францускиот репрезентативец е незадоволен. Британските медиуми објавија дека Погба е сè поблиску до преселба во Каталонија, во редовите на Барселона, а играчот не сака да коментира, иако неговата желба за трансфер не е тајна и ја знаат и соиграчите.
„Не смеам да коментирам, бидејќи сигурно ќе бидам казнет. Важно е да сум среќен со изборот што сам ќе го направам“, изјави Погба. Битката трае, Погба сака да игра за Барселона, но и Мурињо не се дава. Особено по скромниот летен пазар на засилувања во Манчестер јунајтед, јасно е дека заминувањето на Погба во овој момент ќе биде голем удар за шампионските амбиции на „црвените ѓаволи“.

 

Најнови вести