Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2011

УЕФА го одлага мечот Стеауа – Шалке

Комисијата на УЕФА одлучи дека мечот од првото коло од Лигата на Европа меѓу Стеауа и Шалке не може да се игра на Националниот стадион во Букурешт во предвидениот термин.

Причината за тоа е лошата трева на најголемиот романски стадион, која во целост беше уништена по квалификацискиот натпревар за Евро 2012 меѓу Романија и Франција.
УЕФА деновиве треба да донесе конечна одлука за овој меч, а како што пренесува германскиот весник „Билд“, постојат две можности. Првата е натпреварот да биде одложен за 21 септември, а втората е да биде одигран во предвидениот термин, но во Клуж.
За теренот на националниот стадион замерки имаше и селекторот на француската репрезентација, Лорен Блан, кој по квалификацискиот меч главната причина за ремито на „триколорите“ го најде во лошата состојба на тревата во Букурешт.

Најнови вести