Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2012

Македонските ватерполисти поразени од Холандија

Во решавачкиот меч за четвртото место на Европското првенство во Холандија, Македонија беше поразена од домаќинот со 8:10.

Македонската репрезентација добро го почна натпреварот и по првата четвртина имавме предност од 4-2. Во вториот период падна играта на нашите ватерполисти и не реализиравме ниту еден напад, а Холандија го изедначи резултатот.
На стартот од второто полувреме се вративме во игра и поведовме со 6-4, но тогаш почна доминацијата на Холанѓаните кои го изедначија резултатот, а пред крајот на третата четвртина и поведоа со 7-6. Нивната добра игра продолжи и во последниот период по што ја зголемија предноста, а нашите репрезентативци само постигнаа два утешни гола за поднослив пораз од 10-8.
По овој пораз драстично се намалија шансите за пласман на Олимпијадата. За место во турнирот ќе мораме да ги победиме двата натпревари од разигрувањето. Наш следен натпревар во Холандија е во среда во 14 часот кога играме со Романија.

Најнови вести