01.6.2011 Темишвар исфрлен во втората лига
Темишвар, вицешампионот на Романија, е исфрлен во втората лига бидејќи поради натрупаните долгови не обезбеди средства за лиценцирање на следната година.
Клубот со тоа го изгуби и
местото во квалификациите за Лигата на шампионите, кое го зазеде
третопласираната екипа Васлуј.
„Ова е скандал и
понижување. За нас тоа е почеток на војната што ќе ја водиме со сите легални
средства и верувам дека на крајот ќе ја добиеме“, рече претседателот на
Темишвар, Марјан Јанку.