Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2016

Македонија со Пандев и Трајковски во нападот против Словенија

Репрезентацијата на Македонија денес ѝ гостува на Словенија во Копер, а селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски изјави дека на пријателскиот натпревар со Словенците ќе им се спротивставиме со офанзивна формација.

Капитенската лента сосема очекувано ја презема Горан Пандев по враќањето во националниот тим по двегодишната пауза и ќе го предводи нападот заедно со Александар Трајковски, а по крилните офанзивни позиции ќе им помагаат Иван Тричковски и Агим Ибраими.
„Најавив дека нашата стратегија на теренот секогаш ќе биде офанзивата, без разлика дали играме пријателски или официјален натпревар, но и без разлика кој ни е противник, па така ќе биде и сега против Словенија. Враќањето на Пандев во нашиот напад, значително го засилува тимот и нападот добива на квалитет, па се разбира дека ќе сакаме да го искористиме секогаш и за гол повеќе од противникот“, истакна селекторот Ангеловски.
Во средниот ред на денешниот дуел од самиот почеток ќе бидат Никола Глигоров и Остоја Стјепановиќ, додека во дефанзивата пред голот на Богатинов ќе бидат Стефан Ристовски, Ванче Шиков, Кире Ристевски и Леонард Жута.
Од клупата во Копер своја шанса ќе чекаат Столе Димитриевски, Мите Цикарски, Горан Силјановски, Арменд Алими, Адис Јаховиќ, Илија Несторовски и Јован Костовски.

Најнови вести