Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2013

„Старата дама“ го совлада Милан во дербито

Во дербито од седмото коло Јувентус го совлада Милан со 3-2. Гостите одлично го почнаа натпреварот. На асистенција на Ночерино, Мунтари ги доведе „росонерите“ во водство уште во првата минута од средбата.

„Старата дама “ не потклекна. Во 15-тата минута Пирло го израмни резултатот. Предност на Јувентус му донесе Џовинко во 69-тата минута, а Кјелини шест минути подоцна зголеми на 3-1. Кога се чинеше дека тоа е конечниот резултат, Мунтари повторно погоди, овој пат во 90-тата минута. Мексес во 75-тата минута заработи втор жолт картон.
Но, немаше веќе време за гостинот од Милано, па Јувентус дојде до заслужена победа во одличен натпревар.
Наполи освои бодови против Ливорно (4-0), Верона неочекувано лесно триумфираше во Болоња (4-1), додека Џенова избори бод на гостувањето против Катанија (1-1), во натпреварите од седмото коло на италијанската Серија А.
„Наполитанците“ со шестата победа оваа сезона го прескокнаа Јувентус на табелата и ја презедоа втората позиција со заостанување од два бода зад лидерот Рома, единствената екипа со максимален учинок во досегашниот дел од шампионатот. Уште на полувремето Наполи стекна предност од два гола и рутински во продолжението го завери триумфот над повратникот во Серија А.

Најнови вести