Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2013

Пораз во Велс за последно место во групата

Македонската фудбалска репрезентација го доживеа шестиот пораз во првата квалификациска група за Светското првенство во Бразил 2014 година по кој сме заковани на последното место во групата.

Во натпревар без резултатско значење, Велс ја искористи предноста на домашниот терен и успеа да стигне до трите бода со кои побегна од дното на табелата.
Првиот дел помина во изедначена борба на средината на теренот, а Македонија во 28 минута имаше голема шанса да дојде во водство откако Пандев го проигра Новески кој го заобиколи велшкиот голман, но шутираше над голот.
Велшаните поангажирано го почнаа второто полувреме и во 67 минута Ремзи убаво во простор го најде Белами кој по земја ја прати топката во нашиот шеснаесетник до Чрч кој успеа да го совлада Пачовски.
По примениот гол, Пандев имаше шанса да го изедначи резултатот, но Хенеси го одбрани неговиот удар. Во 86 минута, по стартот на Новески на Ремзи, судијата покажа на белата точка, но Пачовски го одбрани неговиот удар.
До крајот на мечот имавме уште две шанси, но Пандев и Ранѓеловиќ не успеаја да ја затресат мрежата на Хенеси и да се изборат за бод.
По овој пораз Македонија е последна во групата А, а во вторник во Јагодина против Србија го играме и последниот натпревар од овој квалификациски циклус.

Најнови вести