04.2.2012 Вербек продолжи со АЗ Алкмар до 2015
Холандскиот прволигаш АЗ Алкмар потпиша нов двегодишен договор со тренерот Гертјан Вербек, кој четириесет и деветгодишниот стратег ќе го врзе во клубот до април 2015 година.
Поранешниот тренер на
Хераклес, Херенвен и Феенорд стигна во АЗ Алкмар во 2010 година. Во својата
прва сезона го освои четвртото место, а оваа сезона се бори за титулата. Во
моментот е трет на табелата, но само со два бода заостанување зад водечкиот
ПСВ.
Досегашниот договор на
Вербек траеше до 2013 година, а клубот поради добрите игри сезонава го награди
со нов двегодишен договор.
„Среќен сум поради ова.
Овде се наоѓам година и пол и со сите во клубот имам одлични односи. Во
Холандија не постојат многу клубови коишто би ми одговарале на мојот профил.
Тука ми е задоволство што работам со вистински луѓе на кои можеш да им веруваш.
А тоа го прави овој клуб вистински за мене“, изјави Вербек.