Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2012

Златната топка зa Меси, Роналдо или Иниеста

УЕФА го сведе кругот на кандидати на три имиња, а најблиску до асовите на Барселона и Реал Мадрид беше Андреа Пирло, кој освои 90 гласови.

Златната топка оди или во Реал Мадрид или во Барселона. Новинарите гласаа, а УЕФА по пребројувањето на гласовите, изборот го сведе на три имиња: Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Андрес Иниеста.
Во гласањето учествуваа новинари од 52 земји, а во конкуренција беа 32-ца фудбалери. Најмногу гласови добија Меси, Роналдо и Иниеста и тие ќе влезат во вториот круг. Конечниот победник ќе се знае на 30-ти август, по вториот круг од гласањето, кога на ждрепката за Лигата на шампионите ќе биде прогласен најдобриот играч за минатата сезона.
УЕФА го објави и конечниот број гласови што ги добија кандидатите од 4-тото до 10-тото место. Најблиску до Меси, Роналдо и Иниеста беше и плејмејкерот на Јувентус и италијанската репрезентација, Андреа Пирло, кој доби 90 гласови. Потоа следуваат Чави (57), Икер Касилјас (53), Дидие Дрогба (31), Петр Чех (14), Радамел Фалкао (14) и Месут Озил (10).
Трофејот го брани трикратниот победник Лео Меси, кој ако го одбрани лауреатот, ќе стане прв играч во историјата на фудбалот со четири од ова највредно фудбалско индивидуално признание. Покрај него, по три пати имаат триумфирано: Јохан Кројф, Мишел Платини и Марко ван Бастен.

Најнови вести