Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2012

Ел Хамдауи од Ајакс премина во Фиорентина

Мунир ел Хамдауи, 27-годишниот марокански фудбалер, кариерата ќе ја продолжи во Фиорентина. Трансферот е договорен меѓу клубот од Тоскана и неговата поранешна екипа, Ајакс.

Уште во текот на јануари оваа година Фиорентина имаше желба да потпише со овој напаѓач, но не успеа финансиски да се договори со клубот од Амстердам. Сега тој проблем е решен, иако не се познати деталите, но се знае дека Мароканецот ќе остане во Фиорентина до јуни 2015 година.
За неговото доаѓање инсистираше новиот тренер на клубот од Фиренца, Винченцо Монтела.
Ел Хамдауи најдобрите фудбалски денови ги помина во АЗ Алкмар, со кого ја прослави и холандската шампионска титула. Од 2007 до 2010 година, во 84 првенствени натпревари, Мароканецот постигна дури 69 погодоци. Потоа премина во Ајакс, но таму не играше на тоа ниво.

Најнови вести