Корисничко име Лозинка Пријави се
30.9.2013

АЗ Алкмар го отпушти тренерот Вербек

Холандскиот АЗ Алкмар го отпушти тренерот Гертјан Вербек, наведувајќи дека причината е недостиг на хемија меѓу играчите и него.

Овој отказ на Вербек дојде неочекувано, бидејќи АЗ Алкмар во саботата го победи лидерот на холандското првенство, ПСВ, со 2-1 и на табелата се искачи на четвртото место.
АЗ Алкмар во четврток игра против ПАОК во Лигата на Европа, а во првиот натпревар од групната фаза на натпреварувањето го победи Макаби од Хаифа.
Педесет и едногодишниот Вербек го презеде АЗ Алкмар во 2010 година и со овој тим трипати освои место во европските натпреварувања, како и еден трофеј во Купот на Холандија.

Најнови вести