Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2013

Вербек нов тренер на Нирнберг

Гертјан Вербек, 51-годишниот холандски фудбалски стручњак, е именуван за нов тренер на германскиот бундеслигаш Нирнберг.

Дури две седмици му беа потребни на Нирнберг за да го потполни местото главен тренер на екипата, откако се раздели со Михаел Вајзингер. Вербек е искусен холандски стручњак, кој минатата сезона го водеше АЗ Алкмар до трофејот во Холандскиот куп. Меѓутоа, слабиот старт во новата сезона му донесе отказ.
Вербек го презема Нирнберг во моментот кога клубот се наоѓа на 16-тото место во германската Бундеслига само со шест освоени бодови, но и понатаму без победа - шесте бодови ги освои во шест нерешени натпревари (од девет).

Најнови вести