Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2011

Нирнберг три месеци без првиот голман

Првиот голман на Нирнберг, а воедно и нејзин капитен, Рафаел Шефер ќе мора да оди на операција на бутниот мускул.

Спортскиот директор на клубот Мартин Бадер на медиумите им откри дека 32-годишниот Шефер поради операцијата ќе мора да отсуствува од теренот околу три месеци.
„Тој ќе мора да паузира 10-12 седмици, по што очекуваме да им се приклучи на тренинзите на првата екипа“, рече Бадер за германскиот „Билд“.
Спортскиот директор ја изнесе и својата загриженост за отсуството на капитенот на Нирнберг.
„Нам нема да ни недостасуваат само неговите голмански квалитети, туку и неговите лидерски способности“, заклучи Бадер.
Шефер цела своја кариера ја помина во германскиот клуб, почнувајќи од 2001 година, со исклучок на сезоната 2007/08, која ја мина во Штутгарт. Германецот досега има повеќе од 200 настапи во Бундеслигата.

Најнови вести