Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2014

Нирнберг го отпушти тренерот Вербек

Гертјан Вербек, тренерот на германскиот фудбалски прволигаш Нирнберг, доби отказ поради серијата лоши резултати.

Германскиот клуб потврди дека во последните три кола на Бундеслигата екипата ќе ја води Роџер Принзен, досегашниот тренер на младиот тим. Покрај Вербек, отказ доби и неговиот помошник Рејмонд Либрегц.
Вербек е втор тренер на Нирнберг кој е отпуштен оваа сезона, претходно во октомври минатата година отказ доби Михаел Вајзингер.
Нирнберг моментно се наоѓа на претпоследното, 17-то место на табелата со 26 бодови, еден помалку од Хамбургер, кој е едно место погоре и се наоѓа на позицијата која води во баражот за опстанок. Во следното првенствено коло Нирнберг во сабота гостува кај екипата на Мајнц.


Најнови вести