Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2011

Гетце неизвесен по повреда на препоните

Шампионот на Германија, Борусија Дортмунд, соопшти дека нејзиниот 19 годишен фудбалер од средината на теренот, Марио Гетце, деновиве нема да тренира поради полесна повреда на препоните.

Бундеслигашот на својата интернет страница соопшти дека Гетце се повредил на саботниот дуел против Нирнберг, кој Борусија Дортмунд го доби со 2-0.
Клупскиот доктор Маркус Браун за германскиот репрезентативец подготви специјален рехабилитациски програм за следните неколку дена, но неизвесно е дали најдобриот креативец на Борусија Дортмунд ќе биде подготвен за гостувањето кај Баер Леверкузен во сабота.
Покрај Гетце, и Свен Бендер не тренираше поради проблем со коленото, но се очкува тој набрзо да им се придружи на своите соиграчи.

Најнови вести