Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2011

Швајнштајгер се враќа против Нирнберг

Фудбалерот од средниот ред на германскиот бундеслигаш Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер, треба да игра денеска против регионалниот ривал Нирнберг откако паузираше поради настинка.

Швајни го пропушти натпреварот во Германскиот куп во средата против нисколигашот Инголштад поради настинка, но најверојатно ќе биде подготвен за денешниот дуел со Нирнберг. Германскиот репрезентативец тренираше нормално со соиграчите во четвртокот и во петокот и тренерот Јуп Хејнкес го стави на списокот на фудбалери кои ќе конкурираат за натпреварот.
Баерн на „Алијанц арена“ ќе бара старт на нова победничка серија откако минатиот викенд неочекувано загуби на гостувањето кај Хановер со 2-1. На натпреварот против Нирнберг нема да игра Џером Боатенг кој заработи црвен картон минатата недела.

Најнови вести