Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2013

Рибери не тренира, Гетце пред деби

Поради проблеми со повредата на глуждот, Франк Рибери вчера не тренираше со соиграчите на тренингот на Баерн Минхен.

Триесетгодишниот француски фудбалер работеше самостојно, објавија од клубот од Минхен.
По пауза од десет дена, на тренинзите се приклучи Шпанецот Хави Мартинес, кој се повреди кога беше со шпанската репрезентација на нејзиното гостување во Еквадор.
Вчера максимално тренираше Марио Гетце, најскапото засилување на клубот ова лето, кој е пред завршување на процесот на рехабилитација по повредата на задниот дел на бутниот мускул, со која се здоби минатата пролет, малку пред крајот на сезоната.
„Ми треба уште малку за да го фатам ритамот и повторно да дојдам на максимално ниво на формата“, изјави офанзивниот играч за врска кој пристигна од Дортмунд, кој натпреварувачкото деби за актуелниот германски и европски шампион би можело да го доживее во сабота, на баварското дерби против Нирнберг, во натпревар од третото бундеслигашко коло.

Најнови вести