Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2012

Борусија без Бендер неколку седмици

Свен Бендер, 22-годишниот играч за врска на актуелниот германски шампион Борусија Дортмунд, го повреди глуждот во дуелот од 20-тото бундеслигашко коло против Нирнберг.

Бендер се повреди по судирот со Даниел Дидави, па беше заменет во 22-та минута од средбата. Тежината на повредата засега не е позната.
„Веројатно ќе паузира неколку седмици“, шпекулираше Себастијан Кел, капитенот на Борусија, откако го виде отечен глуждот на Бендер.
Ова е нов удар на линијата за врска на екипата на Јирген Клоп, која претходно е ослабена со не играњето на Марио Гетце, кој го повреди колкот.

Најнови вести