Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2012

Михаел Вајзингер на клупата на Нирнберг

Михаел Вајзингер е името на новиот тренер на германскиот фудбалски прволигаш Нирнберг. Станува збор за 39-годишен стручњак и досегашен тренер на резервната екипа на овој германски клуб.

На тренерската клупа го наследи Дитер Хекинг, кој неодамна премина во Волфсбург, а должината на соработката засега не е позната.
Како играч Вајзингер, меѓу останатите, ги бранеше и боите на Нирнберг, Баерн Минхен и Минхен 1860, додека тренерската кариера ја почна во 2008 година и досега има работено само во Инголштад и со резервната екипа на Нирнберг.
Првата екипа на Нирнберг во моментов се наоѓа на 14-тото место на бундеслигашката табела, со 20 освоени бодови во 17 кола.

Најнови вести