Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2012

Монако продолжува со купување и засилување на екипата

Германскиот фудбалски клуб Вердер Бремен ја објави веста дека централниот одбранбен играч Андреас Волф потпишал три и полгодишен договор со францускиот второлигаш Монако.

Дваесет и деветгодишниот Волф во клубот од Бремен помина половина година откако минатото лето пристигна од Нирнберг. Иако му остана уште година и пол од договорот со Вердер, Германецот ги замоли челниците на клубот да ја разгледаат понудата на Монако, а тие го направиле тоа.
Волф во некогаш славниот француски великан ќе ги помине идните три и пол години. Германецот е второ јануарско засилување на клубот кој во декември минатата година го купи рускиот милијардер Дмитриј Риболовјев. Пред Волф, за Монако потпиша и 23-годишниот Уругваец Гари Кагелмахер.

Најнови вести