Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2011

Натпреварот Ајакс – АЗ Алкмар прекинат, голманот истепа хулиган

Натпреварот од осминафиналето на Холандскиот куп меѓу Ајакс и АЗ Алкмар е прекинат пет минути пред крајот на првото полувреме, откако еден хулиган влета во теренот на „Амстердам арената“ и го нападна гостинскиот голман Естебан.

Но ниту костариканскиот голман не остана должен. Откако успеа да го турне хулиганот на земја, Естабан уште двапати го удри со ногата пред да интервенираат редарите. Потоа судијата му покажа црвен картон на голманот, што го разбесни Гертјан Вербек, тренерот на гостите, кој своите играчи ги повлече од теренот. Натпреварот потоа не продолжи.
Деветнаесетгодишниот хулиган е уапсен, а според известувањата на холандските медиуми, тој бил под дејство на алкохол.
Инаку, Ајакс во тој момент имаше предност од 1-0, со голот на дефанзивниот играч Грегори ван дер Вил.

Најнови вести