Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2013

Нирнберг го отпушти тренерот Вајзингер

Михаел Вајзингер, 40-годишниот германски фудбалски тренер, веќе не е стратег на германскиот лигаш Нирнберг, одлучија челниците на овој клуб во текот на вчерашниот ден.

Вајзингер доби отказ откако неговата екипа лошо настрада во неделата, во осмото коло на Бундеслигата. Хамбургер кај Нирнберг славеше со 5-0. Нирнберг по осум одиграни натпревари се наоѓа на 16-тото место на табелата, со пет ремија и три порази.
Моментно Нирнберг, покрај Фрајбург, е единствена екипа во Бундеслигата која сè уште не победила никого во актуелната сезона.
Управата на клубот сè уште не се одлучила за негов наследник, но вети дека долгорочна замена ќе пронајде за време на паузата која следува поради репрезентативните настапи.
Должноста тренер на Нирнберг Вајзингер ја извршуваше од декември 2012 година.

Најнови вести