Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2011

Б. Дортмунд по седми пат шампион

Фудбалерите на Борусија Дортмунд во саботата ја прославија седмата шампионска титула во Бундеслигата. Тоа им го овозможи победата дома против Нирнберг (2-0), но и поразот на единствениот конкурент Баерн во Келн со еднаков резултат.

Во Дортмунд во саботата повеќе се прославуваа головите од Келн, бидејќи Баер со поразот изгуби теоретски шанси за фаќање чекор со екипата на Јирген Клоп. Бодовната разлика меѓу двете екипи сега е осум бода, а до крајот на сезоната останаа само две кола.

Борусија својот дел од работата го заврши во првото полувреме. Бариос постигна гол во 32-тата минута, својот четиринаесетти во лигата оваа сезона, а Левандовски во 43-тата минута ја потврди дваесет и втората победа. Целиот натпревар помина во одлично расположение, а кај навивачите се разбудија спомените од сезоната 2001/02, кога „жолто-црните“ последен пат беа шампиони на Германија.

Најнови вести