Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2013

Тијаго Алкантара два месеци аут!

Баерн од Минхен вчера доживеа тежок удар по деталните прегледи над својот 22-годишен фудбалер за врска Тијаго Алкантара.

Алкантара во саботата се здоби со повреда на коленото во победата на својата екипа над Нирнберг (2-0), а теренот го напушти во 62-рата минута од средбата. Веднаш се сомневаше дека на младиот Шпанец му настрадаа лигаментите на коленото, а по деталните прегледи тоа е и потврдено.
„Тијаго се здоби со повреда на коленото во второто полувреме. Денес ќе му биде извршена операција во Минхен, а негово враќање на теренот се очекува по два месеци“, стои во соопштението за јавноста на баварскиот клуб.
Алкантара поради операцијата и рехабилитацијата ќе пропушти најмалку шест бундеслигашки средби и неколку натпревари во групата на Лигата на шампионите.
Шпанецот во јули стигна на „Алијанц арената“ од каталонската Барселона.

Најнови вести