Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2011

Нирнберг два месеци без Дидави

Повредата на коленото ќе го оддалечи младиот германски репрезентативец Даниел Дидави од терените следните осум седмици, потврди неговиот клуб Нирнберг и додаде дека наредните денови ќе биде подложен на оперативен зафат.

Дидави во редовите на Нирнберг дојде летово како позајмен фудбалер од Штутгарт и на првите два натпревари за новиот клуб остави многу добар впечаток. Покрај Дидави, тренерот на Нирнберг, Дитер Хекинг, следното коло за натпреварот против шампионот Борусија Дортмунд нема да може да смета и на голманот Рафаел Шефер кој има проблем со бутниот мускул.

Аргентинскиот дефанзивец Хавиер Пинола кој предвреме го заврши натпреварот против Хановер немал некоја посериозна повреда туку имал грчеви на десната нога и ќе може да игра во следното коло.

Најнови вести