Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2011

Штутгарт еден месец без Погребњак

Рускиот напаѓач во Штутгарт еден месец ќе биде надвор од терените поради повреда на зглобот на десната нога.

На својата официјална интернет страница Штутгарт објави дека Павел Погребњак се повредил на тренинг после еден воздушен дуел со Георг Нидермејер.
“Штета! Бев на вистински пат и се изборив за место во првиот тим“, изјави дваесет и седумгодишниот напаѓач кој оваа сезона ги одигра сите девет бундеслигашки средби, постигнувајќи по еден гол и асистенција.
Во денешното 10. коло од Бундес-лигата Штутгарт гостува кај Нирнберг, а во моментов се на четвртата позиција на табелата.

Најнови вести