Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2015

Де Бројне неизвесен за германскиот Суперкуп

Екипата на Волфсбург би можела да биде значително ослабена на отворањето на сезоната против Баерн Минхен во Суперкупот.

Полесна повреда на тренинг оваа седмица доживеа најдобриот играч на тимот Кевин де Бројне.
„Не е сигурно дали ќе може да игра утре. Како што се движи моментно, тешко може да се каже“, изјави Дитер Хекинг, тренерот на Волфсбург.
Де Бројне неодамна беше именуван за најдобар играч на Бундеслигата во минатата сезона.
Во текот на преодниот рок многу се шпекулираше за заинтересираноста на Манчестер сити.
Волфсбург минатата сезона беше втор во Бундеслигата, зад Баерн, додека во финалето на Купот ја совлада Борусија Дортмунд.
Белгиецот блескаше со 16 голови и 27 асистенции на 51 натпревар.
Волфсбург и Баерн Минхен играат утре, од 20.30 часот.

Најнови вести