Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2012

Куман во Феенорд до 2013 година

Холандскиот гигант Феенорд соопшти дека го продолжил договорот со тренерот Роналд Куман до летото 2013 година.

Клубот од Ротердам не сакаше да ги открие финансиските детали од договорот, но техничкиот директор Мартин ван Хил рече дека Куман сега ќе добива многу поголема плата.
Овој стратег на клупата на Феенорд дојде минатото лето, а екипата во моментов се наоѓа на петтата позиција на табелата во Холандија.
Пред Феенорд, поранешниот холандски репрезентативец беше на клупата на Ајакс, ПСВ, АЗ Алкмар, Валенсија и Бенфика.

Најнови вести