13.3.2012 Холмен налето во Астон вила
Австралискиот играч за врска Брет Холмен ги договори сите детали за заминување во англискиот премиерлигаш Астон вила на крајот од тековната сезона, кога и му завршува договорот со АЗ Алкмар.
Дваесет и седумгодишниот Австралиец со своите одлични настапи во холандскиот шампионат, како и во европските натпреварувања, заинтересира голем број клубови, но најмногу Астон вила.
„Се радувам што ова лето ќе му се приклучам на овој тим. Астон вила има богата историја и фантастични навивачи“, рече Холмен.
За репрезентацијата на Австралија настапи на 53 натпревари и е единствен фудбалер кој настапи на сите квалификациски натпревари за Светското првенство во 2010 година.
„Брет е многу интелигентен и одличен тимски играч. Со своето искуство многу ќе придонесе за нашиот тим“, изјави менаџерот Алекс Меклиш.