Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2012

Поулсен и Мареска во Сампдорија

Данскиот 27-годишен репрезентативец Симон Поулсен и италијанскиот 32-годишен играч за врска Енцо Мареска кариерата ќе ја продолжат во Сампдорија, вчера објави клубот од Џенова.

На Поулсен на крајот на минатата сезона му истече договорот со холандскиот АЗ Алкмар и оттогаш беше цел на многу клубови, како Ајакс, Астон вила, Депортиво. Сепак, на крајот најконкретна беше Сампдорија, со која Поулсен денес, откако ги заврши лекарските тестови, потпиша тригодишен договор.
Пред Алкмар, Поулсен играше за данските клубови Сондерјиске и Митјиланд. За данскиот национален тим собра 21 настап.
Мареска ги напушти редовите на Малага и потпиша двегодишен договор за Сампдорија. Иако договорот за Малага го врзуваше до 2013 година, дојде до предвремено раскинување на соработката и Мареска се врати на Апенинскиот Полуостров, каде што веќе играше за Јувентус, Болоња, Пјаченца и Фиорентина.
Мареска најдлабок впечаток досега остави во Севилја, со која меѓу 2005 и 2009 година двапати го освои Купот на УЕФА (2006 и 2007 година).
Иако Мареска играше за сите младински возрасти на италијанската репрезентација, за сениорскиот тим никогаш не настапи.

Најнови вести