Корисничко име Лозинка Пријави се
08.7.2013

Алтидор од АЗ Алкмар дојде во Сандерленд

Најдобриот американски фудбалер, Џози Алтидор, прејде од холандскиот АЗ Алкмар во англискиот премиерлигаш Сандерленд, потврди клубот од Холандија.

Дваесет и тригодишниот Алтидор минатата сезона со 23 гола беше четврти стрелец во холандскиот шампионата, а го постигна и победничкиот гол во финалето на Холандскиот куп против ПСВ (2-1). Во 55 настапи во дресот на репрезентацијата на САД постигна 13 голови.
Алтидор кариерата ја почна во Њујорк Ред булс, а по трансферот во Европа играше за Вилјареал, Ксерес, Хал, Бурсаспор и АЗ Алкмар. Со холандскиот клуб имаше договор до 2015 година, а не е објавено колкава отштета за него ќе плати Сандерленд.

Најнови вести