Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2011

Ајакс и АЗ Алкмар ќе одиграат нов натпревар

Фудбалската федерација на Холандија одлучи прекинатиот натпревар од осминафиналето на националниот куп меѓу Ајакс и АЗ Алкмар повторно да биде одигран.

Натпреварот е прекинат во триесет и шестата минута, кога резултатот беше 1-0 во корист на Ајакс, поради влегување на пијан навивач на теренот, односно тепачка со голманот на гостинот Естебан Алварадо. Чуварот на мрежата доби црвен картон, кој подоцна Фудбалската федерација го поништи.
„Мечот ќе биде повторно одигран, и тоа во целост, нови деведесет минути, затоа што беше неразумно тој натпревар да продолжи од триесет и седмата минута и затоа што АЗ Алкмар тогаш ќе мораше да игра со десет фудбалери поради црвениот картон на Алварадо“, се наведува во соопштението на Федерацијта.
Новиот натпревар ќе се одигра на 19-ти јануари, пред празни трибини.

Најнови вести