Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2012

Ајакс и ПСВ ослабени во финишот

Николај Бојлесен, данскиот интернационалец од редовите на Ајакс, ја заврши сезоната бидејќи ја обнови повредата на бутниот мускул. Поради тоа тој е неизвесен и за Европското првенство во Полска и Украина.

Левиот бек на Ајакс најпрво се повреди во мечот со ПСВ во септември минатата година, кога го скина мускулот. Дваесетгодишниот фудбалер уште двапати ја обнови повредата, последен пат во понеделникот на тренинг.
Поради тоа оваа сезона Бојлесен имаше само четири првенствени настапи за Ајакс.
Ерик Питерс, левиот бек на ПСВ, исто така, е надвор од редовите поради повреда на стапалото. Дефанзивниот играч ќе го пропушти остатокот на сезоната бидејќи во минатонеделниот пораз од РКЦ Валвијк ја скрши коската во десното стапало.
Поради тоа саботната победа на ПСВ над АЗ Алкмар Питерс ја следеше од трибините, а деталните прегледи покажаа дека му е пукната коската и дека следните три седмици ќе биде во гипс.
„Многу разочарувачки вести“, кратко рече 23-годишниот фудбалер, кој се надева дека ќе успее навреме да закрепне за ЕВРО 2012.
Питерс оваа сезона веќе беше на долга пауза, бидејќи во октомври минатата година ја скрши метатарзалната коска, па мораше да паузира четири месеци.

Најнови вести