Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2012

Елм потпиша за ЦСКА Москва

Шведскиот репрезентативец Расмус Елм направи трансфер од АЗ Алкмар во редовите на рускиот премиерлигаш ЦСКА Москва.

Дваесет и четиригодишниот фудбалер од средниот ред со „армејците“ потпиша тригодишен договор, а финансиските детали од трансферот не се објавени.
Швеѓанецот во претходните три години за АЗ Алкмар одигра 81 натпревар и постигна 18 голови, а за шведската селекција има 26 настапи и еден гол.

Најнови вести